Пелистер во турбо ритам: Денеска со Веспрем, утре со Радовиш!

194

Актуелниот македонски првак, Пелистер одлучи во два дена да одигра два различни меча. Вечерва (20:45 часот) на домашен терен го пречекуваат Веспрем во рамките на шестото коло во Лигата на шампиони, а веќе утре ќе биде домаќин на натпревар од Супер-лигата. Битолчани ќе ги одмерат силите против Радовиш.

Причината за ваквиот потег на Пелистер е јасна. Ракометарите ќе имаат повеќе време да се одморат пред гостувањето кај Фредерициа во Лигата на шампиони. Овој дуел е закажан за последниот ден од овој месец, а еден од оние кои се на списокот на битолчани како шанса за прва победа оваа сезона.

Во меѓувреме тимот ќе може да се собере по тренерската смена, но и поразот од Алкалоид во Супер-лигата.

ПретходноАП Брера ги откачи Стамениќ, Лазиќ и најверојатно Јанкулов
СледноНово признание: УЕФА го избра Ристовски во „Идеалниот тим“ на колото во ЛШ