Петар Јовановски реизбран за претседател на Одбојкарската федерација

231

Одбојкарската федерација на Македонија, попладнево во хотелот „Александар Палас“ во Скопје одржа редовно Изборно Собрание на кое Петар Јовановски е ре-избран за Претседател на федерацијата.

Претседателот Јовановски ќе го предводи Извршниот одбор составен од членовите:  Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски.

Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, во името на поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува Сања Никчевиќ.

На Собранието новиот Извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во нивната работа во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на ЦЕВ Европското првенство 2026, со кое ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим.

ПретходноКолстад го изненади ПИК Сегед, ПСЖ слави на дербито со Фуксе Берлин
СледноЛЕ: Довбик донесе победа за Рома, Реал Сосиедад славеше против Макаби