Синоќа во меч од 3.коло во ЛШ, Динамо на гости кај Салцбург успеа да победи со 0:2 и да освои големи три бода. Во тимот на “модрите“ блескаше Македонецот Стефан Ристовски со две асистенции за двата гола на својот тим, да кажеме дека одличен беше и Аријан Адеми, сепак Ристовски беше фантастичен.
Токму затоа беше прогласен и играч на натпреварот:
„Чувството е прекрасно, горд сум, голема ноќ за сите нас во Динамо. Засслужено победивме во една преубава атмосфера. Се она што го договаравме пред натпреварот го исполнивме, ги спречивме нивните контри, одигравме врвен натпревар. Секако дека оваа победа ќе ни донесе враќање на самодовербата по шокот на стартот во ЛШ“ рече покрај другото Ристовски.
POTM 🦁💙👏🏻 pic.twitter.com/f0JT3sARrg
— GNK Dinamo (@gnkdinamo) October 23, 2024