Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, е запрена во 1/8 финалето на тенискиот турнир во Бол (Хрватска). Денеска Стоилковска загуби од Лусие Урбанова од Чешка, со 0-2 во сетови, која патем ја оправда фаворитската улога.
Урбанова го доби убедливо првиот сет со 6-1, но Стоилковска играше подобро во вториот, истиот отиде во тај-брејк, кој го доби Урбанова со 7-5, и на крај славеше победа.