Менаџерот на англискиот Брентфорд, Томас Франк, проговори за гласините за назначување на позицијата менаџер на Манчестер Јунајтед на местото на Ерик тен Хаг. Тој одговори дека не му треба тренерската позиција на „Олд Трафорд“.
„Веројатно веќе сум во најдобриот клуб во светот. Крај на разговорот. Најдобри во однос на лидерските квалитети, културата, традицијата. Зошто да го напуштам ова место?
Сè може да се случи. И можеби ќе ви треба нова инспирација, можеби ќе најдете друга инспирација во вашиот клуб и ќе останете… Се разбира, ако некогаш ми понудат преселба во голем клуб и одлучам да одам таму, веројатно нема да ми го направи животот подобар. Мислам дека сите го знаеме тоа.
Интересен предизвик е Манчестер Јунајтед, меѓутоа, тоа не е она за што размислувам“, рече Френк на подкастот на The Sports Agents.
Дома Меѓународен фудбал Англија Тренерот на Брентфорд: Веќе сум во најдобриот клуб на светот, не ми...