Ново признание: УЕФА го избра Ристовски во „Идеалниот тим“ на колото во ЛШ

228

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски се најде во идеалниот тим на 3. Коло од Лигата на шампионите на УЕФА; откако беше прогласен за играч на натпреварот меѓуи Салцбург и Динамо (З) кој хрватскиот првак го доби со 0:2.

Ристовски на оваа средба реализираше две асистенции за победа на Динамо (З). Заеднно со него во идеалниот тим на колото се најдоа и Винисиус Жуниор од Реал (М) кој постигна три гола во пресвртот на Реал против Борусија Дортмунд (5:2), Рафиња од Барселона, кој исто така трипати погоди во победата против Баерн (4:1), како и Колумбиецот Џон Дуран од Астон Вила.

Во средниот ред се избрани Никола Барела од Интер, Тијани Рајндерс од Милан и Јапонецот Такуми Минамино од Монако, а друштвото на Стефан Ристовски во дефанзивениот ред му прават Исак Хиен од Аталанта, Мигел Гутиерез од Џирона и стоперот на Манчестер Сити, Џон Стоунс. На голот е фудбалерот на Јувентус, Матија Перин.

ПретходноПелистер во турбо ритам: Денеска со Веспрем, утре со Радовиш!
СледноВо Атлетико бесни: ВАР измисли пенал, ќе се жалиме до УЕФА