Веспрем на дело ја оправда фаворитската улога против Пелистер, славеше на гостински терен со 30-23 и сега е на делба на првата позиција со ПСЖ во групата А. Прв стрелец на мечот беше екс-вардарецот, Лука Цинриќ, кој постигна осум гола. Хрватскиот ракометар не го криеше своето задоволство што повторно се врати во Македонија.
„Секогаш е убаво кога и да се вратам во Македонија, мило ми е што се уште има публика на трибините во оваа бројка. На Пелистер му посакувам среќа во иднина. Имаме респект за тимот, јас од искуство знам дека не е лесно да се игра во Битола, затоа влеговме фокусирано и заслужено победивме“, изјави Циндриќ.