ЛШ: Астон Вила, Ливерпул, Сити…вака изгледа табелата по 3.коло! (ФОТО)

266

Вчера се комплетираше и третото коло во новиот формат во Лигата на Шампионите. Суепр интересни средби, екстра квалитетно мега – дерби меѓу Барса и Баерн, имаше и тоа како што да се види. Познато е дека според новиот формат, многу важно е како изгледа табелата. Првите осум директно се пласираат во елиминациската фаза, а останатите до 24.место низ плеј – оф.

Па така по 3.коло само Астон Вила и Ливерпул се максимални со 9 бода, следува Манчестер Сити со 7 бода. Сите овие екипи доаѓаат од Премиер-лигата.

Сензационално Монако и Брест се четврти и петти, Динамо Загреб е на 22.место, последни се Ц. Звезда, Салцбург, Јанг Бојс, Слован. Од 9.место до 12. се Арсенал, Барселона, Дортмунд и Реал Мадрид.

Има уште пет кола до крајот на оваа фаза, па така табелата секако дека ќе претрпи големи измени.

Image

ПретходноРистовски прогласен за играч на мечот: Горд сум, чувството е прекрасно! (ВИДЕО)
СледноЛесно му е на Милвоки кога ги има Лилард и Јанис!