Колстад го изненади ПИК Сегед, ПСЖ слави на дербито со Фуксе Берлин

22

Ракометарите на ПСЖ обезбедија победа на гостувањето кај Фуксе Берлин во дербито вечерва во рамките на 6 коло од Лигата на шампионите.

Французите обезбедија победа од 40:38 во меч во кој гледавме комплетно израмнет натпревар. По првиот дел, екипата на Фуксе Берлин имаше малку подобра игра, но до одмор не успеа да обезбеди предност (20:20). Во вториот дел ПСЖ беше за нијанса подобар и на крајот славеше.

Пранди со 9 гола го предводеше францискиот тим до победа, додека кај Фуксе Берлин Гидесл постигна 10 гола.

Изненадување вечерва направи Колстад, кој како гостин славеше против ПИК Сегед со 29:27. Алберг со 7 гола беше предводник на Норвежаните до ова изненадување, додека кај домашните најефикасен беше Шоштариќ со 9 гола.

ПретходноОхриѓани пристигнаа во Романија и веќе го одржаа првиот тренинг (ФОТО)
СледноПетар Јовановски реизбран за претседател на Одбојкарската федерација