Ова е претседател на клуб: Херојот Рикелме! (ВИДЕО)

308

Во полуфиналето на Купот на Аргентина, на мечот меѓу Бока и Гимназија, малку недостигаше да дојде до страшен инцидент. Имено при резултат 1:0, потоа се изведуваа пенали и Бока се пласира во финалето, фановите на Бока на стадионот во Росарио станаа нервозни. А јасно е дека кога тие се нервозни тогаш следува во најмала рака тепачка.

Сепак да не дојде до потежок инцидент се погржи легендариниот Хуан Роман Рикелме, кој сега е претседател на Бока Јуниорс. Рикелме веднаш стапи во клинч со фановите на својот тим и просто ги смируваше. За среќа успеа во тоа.

Следуваа пеналите на кои составот на Фернандо Гаго беа поуспешни и се пласираа во финалето.

Е, ова е претседател на клуб.

Погледнете ја реакцијата на Рикелме:

ПретходноЛудило: Торцида не дозволува поставување спомен – плоча на убиениот Македонец Сашко Гешовски во Сплит!
СледноБорзаш пред Веспрем: Имаме и ние свои шанси – дури и да победиме!