Реал три недели ќе остане без Родриго

88

Бразилскиот напаѓач од екипата на Реал Мадрид, Родриго ќе биде надвор од терените околу три недели поради повреда на бутниот мускул.

Тоа значи дека 23-годишниот фудбалер ќе го пропушти претстојното саботно „Ел Класико“ на домашен терен против Барселона во Примера, гостувањето кај Валенсија на 2 ноември, домашниот меч со Милан на 5 ноември во Лигата на шампионите и средбата со Осасуна на 9 ноември во Ла Лига.

Родриго заработи повредата во вторникот на мечот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Се очекува напаѓачот да биде подготвен за претстојните натпревари на Бразил против Венецуела и Уругвај во квалификациите за Светското првенство 2026 година на 14 и 20 ноември соодветно.

ПретходноРашфорд побарал од Манчестер Ј. да го продадат во јануари
СледноОхриѓани пристигнаа во Романија и веќе го одржаа првиот тренинг (ФОТО)