Вчера Ливерпул во меч од 3.коло во Лигата на Шампионите славеше кај Лајпциг на Елиф Елмас. Тоа беше нивна уште една победа од стартот на сезоната.
Интересно, ова беше нивна 11 победа во 12 меч во сите напреварувања, а со тоа новиот стратег Арне Слот стана најуспешниот тренер на “Редси“ и рекордер во историјата на Англија во елтниот фудбал.
Се чини дека полека но сигурно фановите на култниот тим од „Енфилд“ почнаа да го забораваат Јирген Клоп.
Инаку оваа победа на Ливерпул беше шеста во низа на гости од стартот на сезоната на шест средби и со тоа го израмнија рекордот на Манчестер Сити од сезоната 2017/18.
Нема што, “Редси“ на Арне Слот се фантастични.