Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ се вклопи во сивилото на својот тим Олимпија Милано во убедливиот пораз во Евролигата од Ефес и тоа со 84:96.
Македонецот не успеа да се запише во листата на стрелците на оваа средба, едноставно Нено и покрај големата желба не беше во елемент,
Секако дека за тоа свој коментар имаше и неговиот тренер Еторе Месина:
“Нено се мачи, како во нападот така и одбраната. Наша задача е, како и моја, да му помогнеме. Но и тој самиот мора да си помогне, да не бара изговори и да се обиде да оди во вистински правец секој ден. Станува збор за физикалност и компетитивност на двете страни од теренот. Мислам дека во Евролигата имаше само пет слободни фрлиња на четири меча. Реков дека мора да му се помогне“ истакна Месина.