Македонија убедливо поразена од Романија на „Трофеј Карпати“

99

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби со 36:25 во првиот настап на „Трофејот Карпати“ кој е дел од ЕХФ неделата како подготовка за репрезентациите пред Европското првенство.

Романките подобро го отворија натпреварот, успеаја да направат предност од неколку гола разлика и до полувремето имаа плус 4 (16:12).

Во вториот дел домашните ракометарки беа уште попожртвувани и веќе во воведните десетина минути ја удвоија предноста. До крајот на мечот нашите девојки очигледно не можеа да фатат приклучок, па поразот беше убедлив.

Гакидова и Кипријановска со по 5 гола беа најефикасни во нашиот состав, кој утре ќе игра против Словачка.

ПретходноГиганти од Премиер-лигата ја почнаа битката за Ламине Јамал!
СледноРепрезентативката Јонузи од Работнички се сели во Словачка