Неколку возачи во Ф1 шампионатот побараа од комитетот дополнително да се разјасни што е и што не е дозволено да се прави при одбрана на позицијата на патеката, откако Макс Верстапен повторно предизвика контроверзи по трката за големата награда на САД.
Верстапен двапати го принуди Ландо Норис да излезе од патеката, но ниту еднаш не доби казна. Возачите не се сигурни да ли е правилно да се бранат со задоцнето кочење и да го принудат ривалот надвор од патеката или да не постапуваат така. За оваа ситуација свој коментар дадоа неколку возачи меѓу кои Луис Хамилтон, Џорџ Расел и Карлос Саинц. Тие изјавија дека комитетот треба да направи некои корекции за сигурност на возачите и да има поголема доследност во одлуките на судиите.