Ракометарките на мегдан со Романија на првиот меч на „Трофеј Карпати“

67

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (16:30 часот) ќе го одигра првиот натпревар на турнирот „Трофеј Карпати“ кој се одржува во Клуж. Прв противник на избраничките на Кристијан Грчевски е домаќинот, Романија.

За нашите ракометарки овој турнир ќе биде одлична подготовка за претстојното Европското првенство 2024 година. Покрај Романија, Македонија ќе одигра и против Словачка и Швајцарија.

Истите ќе му дадат дополнителна слика на Грчевски за главните подготовки пред стартот на вистинското. Македонија на ЕП е во група со Унгарија, Шведска и Турција, а мечевите ќе се играат во Дебрецин.

ПретходноРакометарите на Алкалоид „летнаа“ за Литванија (ФОТО)
СледноЕдна од целите на Самарџиев: Ќе сторам се за да Шошкиќ стане сериозен кошаркар!