Струга ТЛ ги суспендирала Радески, Радиќ и Воша, помилувани биле Јевтоски и Влајковиќ!

1241

По поразот од Силекс на свој терен со 1:4, дел од играчите на Струга Трим Лум, како што велат нашите информации, ја прекршиле клупската дисциплина, биле фатени во дискотека, па затоа и биле санкционирани од страна на раководството на шампионот.

Станува збор за Марјан Радески, Сава Радиќ и Арби Воша. Сите тројца веднаш биле санкционирани, додека Никола Влајковиќ и Стефан Јевтоски се помилувани. За каков вид на суспензија станува збор треба да се изјасни официјално самиот клуб.

Инаку сите петтмина беа во записникот на тој меч со Силекс во неделата, додека никој од нив не беше во записникот на завчерашниот куп меч со Македонија ЃП како што се гледа од фотографијата.

May be an image of 1 person, playing soccer, playing football and text

Се разбира дека се ова му задава уште поголеми главоболки на шефот на струката Ќатип Османи во пресрет на големото дерби против Шкендија во Тетово во рамките на 11 коло кое се игра во недела под Шара од 13 часот.

Шампионот во пресрет на новата сезона беше посочуван како апсолутен фаворит за нова, трета титула во низа, но со оглед како играше Струга ТЛ во првите десет кола тешко дека тие прогнози ќе се остварат.

ПретходноСпектакл во Битола: “Дербито на Македонија“ меѓу Пелистер и Вардар ќе се игра под рефлектори!
СледноЕх, Благоја, Благоја: Од седуммина Македонци кои играат во Европа, селекторот смета само на тројца!