Гиганти од Премиер-лигата ја почнаа битката за Ламине Јамал!

1135

Како што денеска пренесуваат медиумите на Островот, голема е веројатноста Ламине Јамал, кој има само 17 години и важи за еден од најспектакуларните млади играчи во моментов, на лето да ја напушти Барселона и да се пресели во Премиер – лигата.

Јасно е дека Барса тешко ќе се одлучи да го продаде така лесно својот бисер, но исто така јасно е клубот е во голема финансиска криза.

Се споменуваат Арсенал и Ливерпул, клубови кои веќе ја отпочнале битката за мега – талентот на Барса.

Оваа вест може да се сфати и како шпекулација, посебно ако се знае дека пред некој ден Хоан Лапорта јавно објави дека ја одбил понудата од ПСЖ вредна неверојатни 250 милиони евра за Јамал.

Па така тешко дека Арсенал или Ливерпул би дале 300 милиони евра за него. Такво нешто во моментов може да го понудат само ПСЖ и Манчестер Сити.

ПретходноПо отказот на Илиев: Заховиќ ќе биде новиот спортски директор на Партизан?!
СледноМакедонија убедливо поразена од Романија на „Трофеј Карпати“