Еве колку заработува Лео Меси во Интер Мајами!

301

Ако не се сметаат спонзорските договори, тогаш јасно е дека Лео Меси годишно заработува далеку помалку од Кристијано Роналдо. Португалецот во Ал Наср зема годишна плата од 200 милиони долари, додека Лео Меси во Интер Мајами има годишна плата од 20,4 милиони долари.

Но и таа сума што ја добива Аргентинецот во Интер Мајами е поголема од буџетите на дури 22 од 28 клубови во МЛС. Имено само неколку клубови имаат поголеми буџети за плати од годишната плата на Меси.

Интер Мајами половина од годишниот буџет (41,7 милиони долари) дава за Меси. Следуваат екипите на Торонто, потоа двете екипи од Лос Анџелес, Нешвил, Синсинати и Хјустон. Ова се клубовите кои имаат поголем вкупен буџет за плати од платата на Меси, на сите останати тој буџет е помал.

Неверојатно.

Да повториме дека тие 20,4 милиони долари се ситница во однос на тоа колку зема Меси од спонзорите. Се шпекулира со сума не помала од 50-60 милиони долари годишно.

ПретходноЌе си ги добие своите 55 милиони евра: Мбапе на чекор до победа над ПСЖ!
СледноЕторе Месина: Мора да му помогнеме на Димитријевиќ!