Една од целите на Самарџиев: Ќе сторам се за да Шошкиќ стане сериозен кошаркар!

208

Работнички не успеа да дојде до посакуваниот триумф против Босна, на домашен терен беше совладан од Босна со 74-99. Тренерот на македонскиот тим, Горан Самарџиев како главен проблем за поразот ја издвои агресивноста.

Она на што посебно се задржа е Андреј Шошкиќ, еден од помладите македонски кошаркари кои треба во иднина да биде лидер и во националниот тим. А за него Самарџиев имаше само пофални зборови и најави дека ќе добива голема шанса во овие мечеви.

“Игравме толку колку ни дозволуваат нашите можности. За противник имавме екипа физицчки многу посилна од нас и не можевме да одговориме на нивната агресивна игра. Во првото полувреме имаа 10-8 шута за три поена. Не е изговор, но со таков процент не можеш а да не отидеш во негатива. Овие натпревари се такви и ако не ги искористиш шансите што ќе ти се пружат не можеш да се надеваш на подобар резултат. Наше е да растеме во секој натпревар, да извлечеме добри поуки. Среќен сум што конечно еден млад македонски играч, Андреј Шошкиќ добива шанса во квалитетна лига и тоа го оправдува на најдобар можен начин. Ќе гледам тој да стане еден сериозен играч за нашиот тим и за лигата и акцентот ќе ни биде, особено во АБА 2 натпреварите, да добива уште поголема минутажа што ја заслужува. Ќе се обидеме да се консолидираме и да се подготвиме што подобро за дуелите во домашното првенство“, изјави Горан Самарџиев. 

ПретходноРакометарките на мегдан со Романија на првиот меч на „Трофеј Карпати“
СледноЌе си ги добие своите 55 милиони евра: Мбапе на чекор до победа над ПСЖ!