Еторе Месина: Мора да му помогнеме на Димитријевиќ!

130

Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ се вклопи во сивилото на својот тим Олимпија Милано во убедливиот пораз во Евролигата од Ефес и тоа со 84:96.

Македонецот не успеа да се запише во листата на стрелците на оваа средба, едноставно Нено и покрај големата желба не беше во елемент,

Секако дека за тоа свој коментар имаше и неговиот тренер Еторе Месина:

Нено се мачи, како во нападот така и одбраната. Наша задача е, како и моја, да му помогнеме. Но и тој самиот мора да си помогне, да не бара изговори и да се обиде да оди во вистински правец секој ден. Станува збор за физикалност и компетитивност на двете страни од теренот. Мислам дека во Евролигата имаше само пет слободни фрлиња на четири меча. Реков дека мора да му се помогне“ истакна Месина.

ПретходноЕве колку заработува Лео Меси во Интер Мајами!
СледноЧаби Алонсо со порака до Перез: Донеси го тој играч и јас доаѓам!