Крис Вуд им донесе нов триумф на „шумарите“

22

Фудбалерите на Нотингем Форест ја совладаа екипата на Лестер со 1:3 на отворањето на 9-тото коло од англиската Премиер Лига. „Шумарите“ ја запишаа својата 4-та победа оваа сезона и дефинитивно претставуваат едно од најголемите изненадувања во досегашната сезона.

Резултатот го отвори Рајан Јејтс со гол во 16-тата минута, а на 1:1 изедначи легендарниот Џејми Варди во 23-тата минута. Со тој резултат фудбалерите заминаа на пауза, а во вториот дел Нотингем целосно го нокаутираше противникот. Крис Вуд со два погодоци во 47-та и 60-тата минута им донесе нов триумф на гостите.

Со оваа победа Нотингем се наоѓа на 5-тото место со 16 освоени бода, додека пак Лестер се наоѓа на 14-тото место со 9 бода.

ПретходноПАО ја расипа славеничката атмосфера во Истанбул, Баерн го „среди“ Олимпијакос
СледноЛегендарниот Хиршер се враќа во Светскиот Куп