Легендарниот Хиршер се враќа во Светскиот Куп

42

Осумкратниот светски победник во алпско скијање Марсел Хиршер потврди дека по петгодишна пауза конечно ќе се врати на скијачките патеки и тоа на отворањето на новата скијачка зона во Зелден, Австрија.

Трките за скијачите и скијачките ќе се одржат овој викенд, а Хиршер ќе настапува во Недела и наместо својата Австрија ќе ја претставува Холандија, родната земја на неговата мајка.

Пред неговото пензионирање во 2019 година Хиршер оствари 67 победи во Светскиот куп, од кои 32 во слалом и 31 во велеслалом.

ПретходноКрис Вуд им донесе нов триумф на „шумарите“