Натурализираниот македонски кошаркар, Ти- Џеј Шортс продолжува да воодушевува со своите игри во Евролига. Тој синоќа запиша дабл-дабл во француското дерби, Париз славеше со 87-80 против Монако. Шортс постигна 28 поени и имаше 10 асистенции и 4 скока.
По овој дуел во јавноста се огласи и Монако. Од таборот на тимот потенцираат дека ретко кога делат комплименти, но Шортс е нешто што на Евролигата и беше потребно.
We don’t praise our opponents too often…
But TJ Shorts is a baller that EuroLeague needed 🫡 pic.twitter.com/Aa4R6FI6Jy
— AS Monaco Basket EN (@asmonaco_en) October 24, 2024