Со својот втор гол сезонава во хрватското првенство, искусниот македонски напаѓач, Илија Несторовски, учествуваше во ремито Славен Белупо со Шибеник 2:2 во мечот од 11. коло.
Несторовски погоди за израмнување на 1:1 во 30. минута, откако десетина минути претходно гостите поведоа со 0:1. Во вториот дел Славен Белупо постигна гол за 2:1 и потоа остана со играч помалку, по што гостите до крајот успеаја да израмнат на 2:2.
Несторовски остана во игра до 77. минута, по што беше заменет. Стартер за Шибеник беше Леонард Жута, уште еден наш екс-репрезентативец кој беше заменет во 54. минута.
Slaven Belupo 1-1 Šibenik (30′)
Nestorovski equalizes for Slaven! A much deserved equalizer! Great game so far. pic.twitter.com/QQztp2bGvx
— Everything About HNL (@AboutHnl) October 25, 2024