По отказот на Илиев: Заховиќ ќе биде новиот спортски директор на Партизан?!

141

По доаѓањето на новото раководство во редовите на Партизан како се раздвижуваат работите. Предраг Мијатовиќ, легендата на овој клуб, но и на Реал Мадри, прво имаше состанок со Ѕвездан Терзиќ, првиот човек на Ц. Звезда, се со цел да се намали анимозитетот меѓу двата српски и балкански гиганти. Потоа следуваше отказ за досегашниот спортски директот Ивица Илиев, а се се најавува, барем според медиумите во Белград, дека на негово место веќе бил договорен легендарниот Словенец Златко Заховиќ.

Познато е дека Заховиќ пред три децении играше за Партизан, но се прослави најмногу по тоа што како прв човек на Марибор, овој словенечки тим во два наврати го однесе во групната фаза во ЛШ, тогаш дресот на Марибор го носеше и нашиот Агим Ибраими.

ПретходноРК Пелистер и РК Вардар најдобро минаа: Ова се сумите на ваучерите за клубовите кои настапуваат во Европа!
СледноГиганти од Премиер-лигата ја почнаа битката за Ламине Јамал!