Ракометарите на Алкалоид „летнаа“ за Литванија (ФОТО)

46

Актуелниот освојувач на пехарите во Купот на Македонија и Супер-Купот, и лидер на табелата во Супер-лигата, Алкалоид денеска замина за Клаипеда, Литванија каде веќе утре ќе го одигра реванш мечот во ЕХФ Европскиот Куп.

Избраниците на Кирил Лазаров веќе се пласирани во следната рунда, на првата средба во Автокоманда против Драгунас Клаипед славеа со 11 гола разлика (42-31). Останува само да ја повторат играта и да го чекаат противникот во следното коло.

Во составот на Алкалоид ќе го нема Никола Костески, кој на мечот против Пелистер се здоби со повреда. Она што е сигурно е дека не станува збор за тетивата, туку повреда на мускулот на ногата, но се чекаат дополнителни информации бидејќи се уште има оток. Дури од понеделник ќе биде познато колку време ќе биде надвор од терените.

ПретходноЕХФ ТВ го смести цепелинот на Цехте и Борзаш во ТОП 5 листата (ВИДЕО)
СледноРакометарките на мегдан со Романија на првиот меч на „Трофеј Карпати“