Македонската женска ракометна репрезентација денеска (16:30 часот) ќе го одигра првиот натпревар на турнирот „Трофеј Карпати“ кој се одржува во Клуж. Прв противник на избраничките на Кристијан Грчевски е домаќинот, Романија.
За нашите ракометарки овој турнир ќе биде одлична подготовка за претстојното Европското првенство 2024 година. Покрај Романија, Македонија ќе одигра и против Словачка и Швајцарија.
Истите ќе му дадат дополнителна слика на Грчевски за главните подготовки пред стартот на вистинското. Македонија на ЕП е во група со Унгарија, Шведска и Турција, а мечевите ќе се играат во Дебрецин.