Репрезентативката Јонузи од Работнички се сели во Словачка

33

Македонската репрезентативка Ерјона Јонузи заминува од шампионот Работнички и во продолжението на сезоната ќе настапува во првенството на Словачка. 23-годишната организаторка на играта на Работнички и на нашиот национален тим, реши да се проба во интернационалните води, откако ја прифати понудата за трансфер во словачкиот прволигаш Нове место над Влахом.

Станува збор за словачки прволигаш кој по првите четири кола од новата сезона на тамошниот шампионат оствари две победи и два порази и моментно се наоѓа на четвртото место на табелата. Јонузи доаѓа како засилување на техничарската позиција и ќе се обиде да фати стандардно место во првата поостава на новиот клуб.

Јонузи е веќе втората одбојкарка од првиот состав на шампионот Работнички кој замина во странство на самиот старт на новата сезона. Пред неа Работнички го напушти и капитенот Тамара Стојанова, која замина во Дубаи во составот на Ал Шабаб.

ПретходноМакедонија убедливо поразена од Романија на „Трофеј Карпати“
СледноХаланд останува во Сити до 2030?!