РК Пелистер и РК Вардар најдобро минаа: Ова се сумите на ваучерите за клубовите кои настапуваат во Европа!

276

Најавено и реализирано. Имено со оглед на тоа дека минатата влада остави хаос во поглед на ваучер системот за помагање на спортот во Р. Македонија, новата влада и пред се министерството за спорт најави и реализира она што е неопходно, а тоа е како да му се помогне на спортот во земјата.

Па така како што дознаваме познати се и сумите на ваучерите за клубовите кои настапуваат во Европа за 2024 година.

Очекувано, најдобро минаа РК Пелистер и РК Вардар со по 11 милиони денари и 10 милиони денари.

Следува ЖРК Ѓорче Петров со 8,3 милиони денари, а потоа и РК Алкалоид со 7 милиони денари.

Како што подолу можете да видите им се дава или одобрува ваучери и на федерации.

Набргу ќе се знаат сумите на ваучерите кои се за клубовите на домашна сцена.

И овојпат ќе нема ваучер за ФФМ, како и минатите години и поради фактот дека раководството на Фудбалската федерација на Македонија е поврзано со низа скандали.

No description available.

No description available.

ПретходноФилип Кузмановски стана татко! (ФОТО)
СледноПо отказот на Илиев: Заховиќ ќе биде новиот спортски директор на Партизан?!