Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски ја продолжи голгетерската серија во тиумот на Раднички Крагуевац. Вечерва во меч од 13. коло на српската Суперлига, Раднички 1923 славеше со 4:0 против Јединство Уб, а Станковски успеа да го постигне третиот гол за својата екипа.
Со овој погодок нашиот млад интернационалец стигна до бројката од три голови досега во дресот на крагуевчани и потврдува дека се наоѓа во одлична форма.