Во недела се играат сите натпревари од 11.коло во ПМФЛ и тоа со почеток од 13 часот. На Арената во Скопје се игра “Соседското дерби“ бр.77 помеѓу Вардар и Работнички. На овој меч главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје. Под Шара ќе има супер интересен дуел меѓу Шкендија и Струга ТЛ, а на овој меч главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
Ивана Пројковска одново ќе суди и тоа во Кратово каде играат Силекс и Беса.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки од 11.коло и судиите кои ќе ја делат правдата:
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 11.КОЛО – НЕДЕЛА (13 Ч)
Скопје: Шкупи – Тиквеш (Александар Грујоски – Кичево)
Охрид: Воска – Пелистер (Фуркан Идризи – Тетово)
Скопје: Гостивар – Брера (Марјан Младеновски – Скопје)
Скопје: Вардар – Работнички (Игор Стојчевски – Скопје)
Кратово: Силекс – Беса (Ивана Пројковска – Скопје)
Тетово: Шкендија – Струга ТЛ (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)