Њукасл во јануари тргнува по Мбеумо

27

Њукасл веќе го стави при врвот на посакувани нови засилувања во јануари, крилото на Брентфорд, Брајан Мбеумо. Според новинарските извештаи, по разочарувачкиот почеток на сезоната, „страчките“ го префрлаат фокусот од дефанзивните на офанзивни засилувања. Тренерот Еди Хау веќе разговарал со раководството за можни нови засилувања, и во прв ред инсистирал на преговори со агентот на Мбеумо.

Мбеумо имаше одлична сезона за Брентфорд и уште еднаш се појави како кандидат да го засили нападот на Њукасл. 24-годишниот играч е во одлична форма, постигнувајќи шест гола во осум натпревари во Премиер лигата, а исто така создаде пет големи шанси за своите соиграчи.

ПретходноМармуш сака уште во јануари да оди во Ливерпул, но Ајнтрахт бара 60 милиони евра
СледноПилотите кренаа глас против дефанзивното возење на Верстапен