И покрај трипл-даблот, Јокиќ остана во сенка на младиот центар на Оклахома (ВИДЕО)

206

Кошаркарите на Оклахома го победија Денвер Нагетс со 102:87 во првиот натпревар од новата сезона во НБА за двата тима. Шаи Гилгеус-Александер беше најдобар на теренот со 28 поени, Чет Холмгрен одигра одлично против Никола Јокиќ под обрачот и сето тоа заврши со +15 за гостинскиот тим во Денвер. Зад своето име младиот центар запиша 25 поени и 14 скока, со што го израмни својот рекорд.

На другата страна Јокиќ имаше трипл-дабл од 16 поени, 12 скока и 13 асистенции.

Лука Дончиќ постигна 28 поени, имаше 10 скока и осум асистенции, а Далас Маверикс славеше победа против Сан Антонио од 120:109. Дончиќ го предводеше Далас во поени, украдени топки и асистенции. Стрелаше 4 од 11 за три и 9 од 25 вкупни. Уште послаб процент на шут имаше Кајри Ирвинг, кој за 15 поени искористи 17 топки.

Клеј Томпсон на убав начин се претстави пред публиката во Далас во својот прв натпревар по заминувањето од Голден Стејт, чиј член беше од 2011 година. Еден од најдобрите тројки на сите времиња и четирикратен НБА шампионот го заврши натпреварот со 22 поени и седум скока.

Тој погоди шест од 10 обиди за тројка, од кои неколку беа на додавања на Дончиќ, кој почна да го слави кошот уште пред Томпсон да ја испушти топката. Со шест тројки го постави рекордот на Далас по бројот на обиди од далечина во дебитантски натпревар.

На останатите средби Вашингтон славеше против Бостон со 102-122, додека Сакраменто беше подобар од Минесота со 115-117.

ПретходноМохамед Салах и Брахим Диаз не добија номинација за африкански фудбалер на годината
СледноСудии за ПМФЛ: Соседското дерби за Стојчевски, Трпчевски ќе ја дели правдата на мечот Шкендија – Струга ТЛ