Нов скандал во Евролигата: Кошаркар на Реал играше со пет лични грешки против Црвена Звезда

495
Фото: Реал Мадрид/Твитер

Неверојатно, но вистинито – секое коло во Евролигата носи нов скандал. На синоќешниот натпревар Валтер Таварес играше со пет лични грешки на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Црвена Звезда.

Годинава најслаб дел од Евролигата е дефинитивно судиската организација, и реакциите на судиите и записничката маса. Во втората четвртина Таварес направи прекршок врз Никола Калиниќ, а потоа ја доби втората лична грешка.

Судијата со прстите од левата рака го сигнализираше бројот два, што јасно покажа дека прекршокот го направил играчот со број 22 – Таварес. Треба да се напомене дека во таа толпа беше и Џанан Муса, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, кој го носи бројот 13.

Таварес беше повлечен, но записничката маса личната грешка ја запиша на Босанецот.

Таварес направи уште три прекршоци во вториот дел, а остана со „четири фаули“ до крајот на натпреварот. Тој требаше да излезе од игра со 4:31 до крајот на натпреварот.

ПретходноМонако му симна капа на Ти-Џеј Шортс
СледноЕХФ ТВ го смести цепелинот на Цехте и Борзаш во ТОП 5 листата (ВИДЕО)