Битолчани и нашата фудбалска јавност нека се спремаат за спектакл. Имено мечот меѓу Пелистер и Вардар во рамките на 13.коло, кој е закажан за следната недела (03.11.2024) ќе се игра под светлоста на рефлекторите.
Ова ќе значи дека “Дербито на Македонија“ ќе послужи и како можност за свечено отварање на рефлекторите на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола.
Останува само да се завршат одредени работи во текот на следните десет дена и во недела да следиме спектакл како на теренот, така и на трибините.
Дополнително ќе се одлучи дали овој меч ќе биде закажан за 18 или 10 часот.
Да се потсетиме дека во август во Скопје, во првиот меч сезонава на Арената во Скопје, Вардар и Пелистер играа под рефлектори.