Спектакуларниот Ерлинг Халанд, барем според последните информации, нема намера да си оди од Манчестер Сити и најверојатно ќе потпише нов договор кој ќе важи до 2030. Са потсетиме дека важечкиот му истекува во јуни 2027 година, но во моментов се водат интензивни преговори меѓу двете страни соработката да биде продолжена и тоа на уште три години.
Самиот фудбалер истакнал дека сака да остане во Сити и дека нема намера да ја менува средината во наредниот период.
Се наведува дека плановите на Сити и Халанд може да ги наруши само евентуалната казна на клубот, исфрлање на Сити во понизок ранг со оглед на тоа дека во моментов се води судски процес поради наводно кршење на финансиските правила на првакот на Англија.
Ова доаѓа откако сега веќе јасно е дека и Пеп Гвардиола ќе ја продолжи соработкат со Сити.
Норвежанецот блеска и во новата сезона во дресот на “граѓаните“, на 12 меча тој има постигнато 13 голови. Откако е во Сити од 2022, на 110 меча има постигнато 103 голови.
Фантастични бројки.