Во 8 коло во Бундес лигата го бележиме новиот пораз на Борусија Дортмунд. По дебаклот од Реал Мадрид во ЛШ, „милионерите“ доживеаа уште еден пораз, исто така со пресврт, но на гостувањето кај Аугзбург.
Борусија поведе со гол на Дони Мален во 4 минута, а изедначи Клод Морис во 25 минута. Баварската екипа победи со вториот гол на мечот на Клод Морис во 50 минута.
Аугзбург ја впиша третата победа, а Борусија третиот пораз.
А Елмас го преседе на клупата целиот меч на РБ Лајпциг против Фрајбург. Лајпциг победи со 3:1 со пресврт. Гостите поведоа со гол на Доан во 15 минута, а во второто полувреме домашните стигнаа до победата.
Само што почна вториот дел Орбан изедначи, веднаш потоа Гертруида донесе водство, а точка стави Луис Опенда.
На другите натпревари Штутгарт – Кил 2:1, Ст.Паули – Волфсбург 0:0.
Од 18:30 часот играат Вердер и Баер Леверкузен.