Вилшир го напушта Арсенал и оди во Чемпионшип

96

Џек Вилшир наскоро ќе ја напушти позицијата тренер на акедмијата на Арсенал и ќе прејде во Чемпионшип, попрецизно во Норич Сити. Миленикот на „топчиите“ добил понуда да биде помошник на Јоханес Хоф, а истата некогашниот англиски репрезентативец ќе ја прифати.
Вилишир остави длабок белег во Арсенал, а во 2018 година ги напушти „топчиите“ и прејде во Вест Хем, кратко играше за Борнмут и кариерата ја заврши во дански Орхус.
Норич по 11 кола е на седмото место на табелата со скор од четири победи, пет ремија и два порази. Во понеделник игра дома со Мидлсбро.

ПретходноСе сврте среќата: Леверкузен во 90.минута остана без победа!
Следно„Ел Класико“ – 0:0 на полувреме: Мбапе е “Мистер-офсајд“, супер шанси за Јамал и Вини!