Пелистер не е веќе непоразен во нашата елитна кошаркарска лига. Вечерва битолчани паднаа во Гостивар каде во меч од 4.коло беа совладани од истоимениот домашен тим со 77:66.
Ова беше втора победа на гостиварци и прв пораз, како што веќе кажавме, за Пелистер.
Уште на почетокот од мечот се виде дека Гостивар не се шегува. Го доби првиот период од играта со +3 поени, а во втората четвртина разликата ја зголеми на +9 поени. Тука се виде дека Гостивар и тоа како има намера овој меч да го добие во своја корист.
Пелистер се обидуваше да се врати во игра, сепак тие обиди беа безуспешни зошто домашноте не попуштаа, напротив, во своја корист ја добија и третата четвртина. За утеха битолчани ја добија само последната, ако е некаква утеха.
Едвардс кај гостите со 26 поени беше најефикасен, додека кај победничкиот состав Митевски реализираше 21 поени.
Кожув како домаќин немаше никакви проблеми да дојде до триумф над Тиквеш и тоа со 85:64. Ова беше втора победа на Кожув и трет пораз на Тиквеш.
Во текот на целиот меч домашните беа подобри, ги диктираа настаните на теренот, едниоставно беа поквалитетни и на крајот заслужено славеа.
Најефикасен кај победничкиот состав беше Вилсон со 24 поени.
Шкупи со 89:68 го декласира Вардар со што дојде до првата победа сезонава, додека вардарци сеуште и по четири одиграни меча, не знаат што е триумф.
Вилијамс кај Шкупи со 19 поени беше најефикасен на оваа средба.