Манчини објасни зошто повеќе не е селектор на Саудиска Арабија

331

Екс-селекторот на Саудиска Арабија Роберто Манчини ги објасни причините поради кои ја напушти функцијата. Разделбата стана факт во четвртокот, а договорот на италијанскиот стручњак беше раскинат со заедничка согласност.

„Во Саудиска Арабија работат многу компетентни луѓе. Проблемот е што репрезентацијата нема доволно искуство за да игра одреден тип на фудбал. Многу работи се сменија со зголемувањето на бројот на странци во тамошното првенство. Локалните играчи почнаа да добиваат помалку шанси во своите клубови, а во такви услови не можам да гарантирам пласман на Светското првенство“, додаде Италијанецот.

Манчини ја презеде Саудиска Арабија во август минатата година. Под негово водство тимот беше елиминиран во осминафиналето на турнирот во Купот на Азија.

Последните недели се шпекулираше дека поранешниот тренер на Интер и Манчестер Сити е во затегнати односи со фудбалерите на репрезентацијата на Саудиска Арабија.

ПретходноЛазаров е внимателен и покрај големата „залиха“: Мора добро да се испотиме за да победиме!
СледноВМФЛ: Лидерот го пречекува Кожув, штипските “сини“ по три бода против Вардар (Н)