Пет месеци не добиле плата: Еве како фудбалери на српски клуб штрајкуваат!

431

Да не си им во кожа. Ова важи за фудбалерите на Инџија, клуб кој се натпреварува во вториот ранг натпреварување во Србија. Некогаш овој клуб играше и во елитната лига а во минатата сезона не се врати таму откако беше поразена во плеј – офот. И тој клуб е во финансиски колапс, не им исплатил плата на своите играчи дури пет месеци.

Играчите се гневни, постојано негодуваат а денеска на мечот против Борац Чачак, и тоа на свој терен, само што почна мечот седнаа на теренот искажувајќи го својот револт со дадената ситуација во која се наоѓаат.

ПретходноОхриѓани потопени на реваншот, Турда славеше со десет гола разлика!
СледноШампионот го “реши“ МКК Куманово за трета победа сезонава! (ФОТО)