Алушовски: Имаме доволно квалитет и искусни играчи кои можат да одговорат на предизвикот!

85

Ракометарите на ГРК Охрид денеска (17 часот) на гостински терен го играат реванш мечот против Турда во ЕХФ Европскиот куп. Избраниците на Стевче Алушовски пред домашната публика одиграа одличен меч, имаат позитива од шест гола, откако во „Билјанини Извори“ славеа со 25-31.

„Јас кажав и претходно дека пред натпреварот со Турда 6 разлика да ни беше понудено ќе прифатевме со две раце. Не е мала предност. Меѓутоа ова се елиминациски натпревари. Подготвени сме. Мислам дека не можат да не изненадат тактички. Анализиравме и пред првиот и сега пред вториот натпревар, тоа што очекувам е многу поагресивна игра на играчите на Турда. Имаме доволно квалитет и искусни играчи кои можат да одговорат на овој предизвик и се надевам дека по натпреварот сите заедно ќе се радуваме, додаде Алушовски.

Тренерот на охриѓани на располагање ќе ги има сите ракометари, имаат мали проблеми со Горан Крстевски, но верува дека се ќе биде во ред.

ПретходноШтип УДГ продолжи победнички, денеска ќе се комплетира 2. коло
СледноВечерва во МОБ се бираат најдобрите атлетичари во Европа за 2024 година