Брињоне славеше во Зелден, Шифрин пропушти победа поради лоша второ возење

125

Новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање почна во австрискиот Зелден, а на стартот победа на Италијанката Федерика Брињоне. Интересно, Брињоне беше трета по првото возење, а до победата дојде со вкупно време од 2:16.05 минути.
Тоа е нејзина четврта велеслаломска, а вкупно 27. победа во Светскиот куп.
По првото возење доминираше Американката Микаела Шифрин. Се чинеше дека ветеранката ќе стигне до 98. победа во СК, но во второто возење таа тотално потфрли бидејќи имаше дури 27 време и поради тоа натпреварувањето го заврши на петтата позиција.
Второто место го зазема Алис Робинсон од Нов Зеланд, а третопласирана беше Јулија Шеиб од Австрија која со импресивно второ возење напредуваше дури 11 позиции. Четвртото место го зазема Кејти Хенсиен од САД.

ПретходноБорусија шокирана и од Аугзбург, Лајпциг со пресврт до победа и прво место
СледноХаланд донесе триумф на „Граѓаните“, Астон Вила испушти победа во 96. минута (видео)