Бутел стана „специјалист“ за драми, Вардар 1961 се рехабилитираше во Кавадарци!

178

Бутел Скопје дојде до поскуваните бодови против новајлијата Бисинов, откако на гостински терен славеше со минимални 26-25. Николов го постигна победничкиот гол за гостинскиот состав, на другата страна домаќинот имаше шанса да дојде до бод, но не го искористи последниот напад.

Бисинов покажа дека е незгоден противник иако се наоѓа во долниот дел од табелата, успеа да се врати од негатива од три гола (23-25) и да дојде до шанса за реми.

Ѓеоргиевски со шест гола беше прв стрелец кај победникот каде Николов, Милошески и Спасовски имаа по четири погодоци, додека Блажевски запиша 13 интервенции. На другата страна Паунов имаше 15 одбрани, а Трајковски осум гола.

За Бутел ова беше шести триумф, има и три порази, додека пак Бисинов останува на победа, реми и шест порази.

На втората денешна средба од деветото коло, Вардар 1961 славеше кај Тиквеш со 23-32 (11-12). И овој пат во Кавадарци се играше доста интересен меч. Првото полувреме мина доста изедначено, водството се менуваше, со тоа што гостите неколку пати имаа позитива од два гола. По 11-12 на одморот, на теренот продолжи битката.

Вардар 1961 сп четири гола во низа успеа да поведе со 18-22 некаде пред стартот на 50-та минута. Три минути подоцна Гоце Герогиевски зголеми на плус пет (20-25), а на четири и пол минути до крајот резултатот беше 21-28,  доволно за сигурни бодови и враќање на победите после поразот од Порто во Европската лига.

Крсманчиќ имаше осум гола, зад него со шест беше Маргели, по четири имаа Срдановиќ и Борозан. Кај домшаниот тим Манасков беше стрелец на пет погодоци.

Со осмата победа Вардар 1961 останува на второто место на табелата, има еден пораз. Додека пак за Тиквеш ова беше петти пораз, има три победи и реми и ја држи средината во Супер-лигата.

ПретходноМиовски одигра цел натпревар: Џирона поразена на гостувањето кај Лас Палмас!
СледноСе сврте среќата: Леверкузен во 90.минута остана без победа!