Алкалоид се пласираше во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостувањето кај Драгунас Клаипеда славеше со 31-37.
Серафимов со седум гола беше прв стрелец, по шест гола имаа Митев и Бинго, додека пет гола запиша Петковски. Иван Галевски имаше десет одбрани, додека Марко Кизиќ три.
Избраниците на Кирил Лазаров како што најавија така и сторија. Иако беа фаворити и на оваа средба, сепак влегоа без потценување, поведоа со 2-8. Позитива која ја одржуваа до пред крајот на првото полувреме кога со три гола во низа дојдоа на плус девет (9-18), а потоа и 11-20. На одморот домашниот тим со серија од 6-1 успеа да ја намали негативата од 17-21.
Она што Лазаров ги предупреди своите момци се случи во еден момент, противникот се доближи на 23-26, но македонскиот тим ги имаше расположените Серафимов, Митев и Бинго. Тимот од Автокоманда до крајот немаше проблеми, знаеше како да го згасне секој напад на домашниот состав за победа и на реваншот.