Дамите го загубија ритамот во финишот и се поразени од Словачка

69

Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Словачка со 29-27 на пријателски меч одигран како дел од „Трофеј Карпати“ во Романија.

Иако „црвено-жолтите“ беа подобар противник во првото полувреме водеа i со 13-10, додека на одморот беше 17-15, сепак не беа на ниво на задачата во одлучувачките моменти.

Словачка со серија од 4-0 направи пресврт и поведе со 20-22. Во самиот финиш Македонија израмни на 25-25, но одново немаше сили за завршен удар, на крајот го запиша вториот пораз.

Сара Ристовска постигна седум гола, додека два помалку имаше Ивана Гакидова.

Шанса за победа нашите девојки ќе имаат утре против Швајцарија.

За Македонија следува настап на „Кроација куп“ против Хрватска и Србија и потоа настап на ЕП. Македонија на ЕП е во група со Унгарија, Шведска и Турција, а мечевите ќе се играат во Дебрецин.

ПретходноВечерва ќе „гори“ во Мадрид – се соочуваат Реал и Барселона!
СледноВМФЛ: “Лавовите“ убедливи во дербито, тешка повреда на голманот на Борец кој беше префрлен во болница