До каде стигна Јунајтед: Ги замолиле од Сити за услуга и добиле „корпа“

174

Во понеделник во Париз ќе се одржи церемонијата за доделување на „Златната топка“, па од Манчестер Јунајтед го замолил градскиот ривал Манчестер Сити за услуга кога станува збор за патувањето во Париз.
На церемонијата ќе се бира најдобар млад играч, а меѓу кандидатите за наградата е и двоецот од Јунајтед, Алехандро Гарначо и Коби Мејно. Англиските медиуми наведуваат дека од Манчестер Јунајтед ги прашале колегите од Сити дали може споменатиот двоец да патува со играчите на Сити во Париз за клубот од „Олд Трафорд“ да не мора да им организира пат.
Ескедицијата на Сити ќе биде бројна и ќе се користи приватниот авион на клубот, а од Јунајтед прашале дали има место за уште двајца меѓутоа добиле „корпа“. Одговорот бил – нема место!

ПретходноЕдвардс: Има хемија меѓу играчите! Очекувам и против Гостивар да продолжиме победнички!
СледноМакедонски тренер ќе води тим во „ветената“ земја