„Ел Класико“ – 0:0 на полувреме: Мбапе е “Мистер-офсајд“, супер шанси за Јамал и Вини!

37

Вечерва во Мадрид на “Сантијаго Бернабеу“ се игра најспектакуларниот фудбалски натпревар. Во 258 „Ел Класико“, Реал и Барса по првото полувреме одиграа 0:0.

Иако немаше голови, сепак видовме спектакуларен дуел на најголемите светски клубови.

Интересно, Мбапе имаше една шанса, постигна и гол кој беше поништен поради офсајд. Килијан во неколку наврати, поточно петпати, беше “фаќан“ во недозволена позиција.

Супер шанси имаа Јамал за Барса и Винисиус за Реал, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Опасно е закани и Рафиња, но неговиот шут заврши над голот на Лунин.

 

ПретходноВилшир го напушта Арсенал и оди во Чемпионшип
Следно“GOAL“ ги рангираше најдобрите фудбалери во Ла Лига во 21 век: Меси, Кристијано, Зидан…