„Ел Класико“ – 0:4: Каква Барса? Страшна Барса! Левандовски и другарите го „шекнаа“ Реал среде Мадрид!

899

Спектакл на „Сантијаго Бернабеу“ пред 85.000 гледачи во „Ел Класико“ бр.258. И во тој спектакл Реал – Барса 0:4. Страшна, фантастична, неверојатна, спектакуларна Барса.

Левандовски со два, Јамал и Рафиња со еден гол просто го “шекнаа“ Реал среде Мадрид и сега по 11 коло Барселона е со +6 бода во однос на “кралевите“.

Нема дилеми, оваа Барса на Флик е нешто ФАНТАСТИЧНО!

Се започна со големата шанса на Мбапе уште во 2.минута, но ништо од гол. Интересно Французинот во првиот дел беше петтпати фаќан во недозволена ситуација. Во 12.минута Мбапе се обиде со лоб, но нема гол повторно.

Во следниот напад супер шанса за Јамал, се најде сам пред Лунин, но пак нема гол. Винисиус врати во 22.минута, но беше себичен и шутираше покрај голот, иако сами му беа Мбапе и Белингем.

Се закани и Рафиња за Барса, но неговиот шут заврши над голот. Исто и Педри, но Лунин брани.

Во 29.минута Мбапе ја затресе мрежата, го прослави голот, но сепак пак бепе во офсајд.

Па така на пауза се замина со тие 0:0.

Второто полувреме започна со иницијатива на Барселона, гостите го имаа поседот но без некои посериозни закани.

Но во 52.минута од огромна далечина се закани Јамал, но Лунин сепак ја страти радоста на гостите. Каков спектакуларен гол ќе беше тоа.

Но затоа Левандовски во 54.минута стрелаше за 0:1 со што го замолкна “Бернабеу“.

И тоа не беше се, само две минути подоцна Левандовски стрела уште еднаш, сега со глава, за 0:2. Каков шок на “Бернабеу“?

Можеше да биде и 0:3, но во 67.минута од зицер позиција ја погоди стативата.

Следуваше уште еден зицер на Левандовски, а Мбапе имаше две супер шанси.

Но Барса поведе со 0:3 со мајсторијата на Јамал во 77.минута.

Каква Барса? Страшна Барса!

Продолжува газењето. Сега на ред е Рафиња да ја тресе мрежата на Лунин за 0:4 во таа 84.минута.

Мбапе, Вини, Џуд, Лука, Фреди…сите тие ѕвезди на Реал во тие моменти како да не постоеа на теренот на “Бернабеу“.

Барса танцуваше…

ПретходноНено со четири поени во победата на Олимпија Милано!
СледноОва е Флик, ова е Барса….вака “децата“ од Каталонија го уништија „КРАЛОТ“ (ВИДЕО)